Мода и стил на работното место: Што не смеете да носите?

Во последната деценија бевме сведоци на значително олеснување на условите за облека во деловниот свет. Причините се различни – некои компании видоа во тоа можност за неформално дружење меѓу вработените, други го користеа тоа за да покажат загриженост за животната средина, па им дозволија на вработените да се ослободат од вратоврските со цел помалку употреба на климатизерите, за време на топлите денови.

Водечка улога сепак, има развојот на технолошкиот сектор , кој по правило не сака формални ограничувања. Сепак и надвор од рамките постојат граници. Погледнете кои се:

Забрани за жени

Многу кратки здолништа 

Непишано правило е дека здолништето не треба да  биде  пократко од 9 см над коленото. Впрочем ниту премногу долгите  здолништа не личат добро .

Провокативно

Никој не треба да ја види вашата долна облека ,  работ на чипката или прерамката  на градникот.

Накит. Мнооогу накит

Има неискажливо правило дека ако сте љубители на накит не треба да носите повеќе од три парчиња.

Премногу високи потпетици и огромни чевли со дебела платформа.

За мажите

Мажите исто така треба да се откажат од некои работи , дури и доколку компанијата прифаќа неформален стил :

Искинати фармерки и фармерки со ниска половина

Панталоните  не мора да укажуваат на гаќите .

Бели чорапи

Тие се уште се прифатливи само во фитнес клубот.

Шорцеви

Панталоните до под коленото не се за во канцеларија . Сепак одлучете се за тенки панталони до стапалата.

 Сандали

Периодично се појавува модата на сандалите со чорапи . Стилистите сепак не уверуваат дека тоа изгледа страшно глупаво .

 

- Реклама -