Креативни чаши со кафе за носење

Новата рекламна кампања на брендот за мастики „Тридент“, содржи креативни постери од пластични чаши со кафе за носење. На нив се нацртани машки и женски ликови чии усти се обложени со кафена лента и на тој начин ги сокриваат нивните насмевки.

Идејата на дизајнерот Томас Манголд зад оваа рекламна кампања е да покаже дека со гумите за џвакање на „Тридент“ може слободно да уживате во вашиот омилен утрински пијалак, без притоа да се грижите за дамките на вашите заби.

Фотографиите се снимени низ повеќе атрактивни кафулиња, а на креативниот дизајн на пластичните чаши се потпишуваат Џош Харви и Ана Гомез.

 

- Реклама -