Божиќната елка, која секоја година се пали во текот на ноќта на 7 декември врз падината на Monte Ingino , е навистина посебна . Таа е најголемата божиќна елка во светот. Имено, поради тој факт елката стана симбол на селцето , а истата се крева од последните камени куќи до Витлеемската ѕвезда која сјае на врвот до 10 јануари секоја година.
Таа може да се види дури и од ридовите на Перуџа , кои се наоѓаат на 50 км . За формирање на огромната елка, се користат 450 шарени светилки и 12 километри кабел. Таа е широка 400 метри и висока 800 метри, што е причината во 1991 година да биде прогласена за најголемата божиќна елка од страна на Гинис. Жителите на селото ја прават елката од светла секоја година од 1980 наваму .