Тед Гусен и неговата сопруга излегле малку надвор да се забавуваат на канадски начин. Што е главната карактеристика на канадската забава? Тоа што се одвива на -45 Целзиусови степени. Но ете, тоа не ги спречи овие двајца да излезат во дворот за да прават балони од сапуница. Не само што се забавни, туку се и неодоливи – младечкиот дух и љубовта меѓу нив е очигледна.