Што повеќе калории сакате за изгубите, повеќе ќе сакате да уживате во сексот, а со помош на мали трикови, ќе постигнете подеднакво добар ефект и на линијата.
Сексот е одлична физичка активност која ги топи калориите, но некои пози сепак имаат потреба од повеќе акција, а со самото тоа и полесно се топат калории. Има уште една предност во сексот како вежба – колку повеќе калории ќе посакате да загубите, толку ќе сакате да имате секс и ќе ја подобрите вашата врска.
Жената е горе
Нема сомнеж дека оваа поза троши значително повеќе калории од многу други. За да биде уште поуспешна треба да дадете се од себе. Освен тоа, кога сте на врвот, преплетете ги рацете со неговите и правете движења како да се наслонувате кон неговото лице, па враќајте се назад. Ефектот на секс и на линија ќе биде подеднакво добар. Освен тоа, ако сте врз него исправете се и чувствувајте се секси.
Поза мост
Оваа поза е доста тешка и за двајцата, Имено, жената лежи на грбот, а во воздухот ги крева задникот и стомакот, па одржува баланс држејќи се на рацете и стапалата. Мажот исто и заедно прават мост. за да се балансирате полесно, можете со рацете да го прегрнете партнерот и да се придржувате за него. Позата е тешка, а ќе ги зацврстите мускулите за кои не сте ни знаеле дека постојат. Нормално, ќе има позитивен ефект и на мусклулите на рацете, задникот, нозете истомакот.
Пози за баланс
Исто како и мостот, постојат и други секс пози кои практикуваат употреба на баланс и така активираат одредени мускули. Еве неколку предлози. Станете од стол и едната нога пидигнете ја на него. Немојте премногу да се наслонувате на партнерот, туку во текот на односот обидете се самите да се баласирате.
Практикувајте секс стоејќи
Свртете се од позади и наслонете се напред, така што со рацете го допирате тлото. Иако тој ќе ве придржува, сепак ќе морате да ја користите и својата сила за да одржите рамнотежа.