Гаџети кои „мора“ да ги имате (втор дел)

eggs-23Еве еден доста интересен и практичен гаџет, од кој можете брзо да го
загубите апетитот. Што е најинтересно чудото совршено добро си ја
работи својата работа. Само скршете јајце внатре, навалете го напред
и… сликата кажува сè.

1. Петар Петрич одделувач на белка од жолчка
eggs-2
Еве еден доста интересен и практичен гаџет, од кој можете брзо да го загубите апетитот. Што е најинтересно чудото совршено добро си ја работи својата работа. Само скршете јајце внатре, навалете го напред и… сликата кажува сè. Линк

2. Пешкир на местото на злосторството
crimetowel-1

Се шетате по плажа, сонце, бикини, и налетувате на сцена од CSI. Пред да ве фати паника дека сте стапнале врз место на злосторство, погледнете дека тоа е само пешкир. Доста интересен продукт, кој знае да привлече доста внимание. Изработен е од 100% памук и има димензии од 0,8 на 1,6 метри. Линк

3. Калап за желе мозок

brainmold-new-2

Само што сте сервирале вечера, и време е за десерт. Можете да го замислите изразот на лицата на вашите гости кога ќе се појавите со свеж мозок на чинија. Доста вкусно нели. На олеснување на сите откривате дека тоа е десерт направен со помош на овој калап, во чиј прилог доаѓа и упатство кое ќе ви помогне да направите десерти кои ќе личат на вистински мозок. Но сепак, ретко кој би останал гладен за десерт после вакво сервирање. Линк

4. Тики држач за кутија со марамчиња
tiki-1

Еве една интересна приказна – многу одамна еден полинезиски народ кој живеел на остров наречен Паној-Паној верувал дека со кивањето ги лутат боговите. Можеби е тоа чисто суеверие, но еден ден во островот се урнал брод кој пренесувал 26 тони свежо и ситно исецкана хартија. Ова довело до масовна кивавица од која се активирал вулканот на островот и ја „избришал“ цела Паној-Панојска култура. Жив малер а? Како и да е еве еден интересен гаџет мотивиран од случката, во форма на статуа на Тики Бог. За разлика од другите вакви производи, овој стои вертикално и марамчињата се влечат низ носот на статуетката.  Линк

5. Пица часовник
pizzaclock-4

 

Секогаш е вистинско време за пица, а овој часовник го потврдува тоа. Часовникот е ептен реалистично направен, користени се материјали кои ја имаат текстурата на состојките од кои е направена пицата. Има само една негативна страна, тоа што секогаш кога ќе погледнете колку е часот ќе се настрвите за пица. Линк



Гаџети кои „мора“ да ги имате (прв дел)

- Реклама -