Празникот Нова Година е најстариот празник во светот. Неговите почетоци се забележани уште во Вавилон, пред 4000 години.
Празникот Нова Година е најстариот празник во светот. Неговите почетоци се забележани уште во Вавилон, пред 4000 години.
2000 години п.н.е. Вавилонците ја празнувале Новата Година на првиот ден од пролетта. Ова е доста логично, бидејќи пролетта е сезона на садењето на новита насади и сезона на цутењето на овошките, додека 1 Јануари нема никакво астрономско или астролошко значење.
Вавилонската прослава на Новата Година траела 11 дена, од кои, секој ден се славел според однапред определен начин.
Римјаните продолжиле да ја слават Новата година на почетокот на пролетта, но нивниот календар бил постојано менуван од разните императори, по што излегол од синхронизација со сонцето, односно, славењето на Новата Година повеќе не било на првиот пролетен ден.
Менувањето на календарот продолжило се до доаѓањето на власт на
Јулиј Цезар, кој го направил Јулијанскиот календар, според кој Новата Година се славела на 1 Јануари.
Со славењето на Новата Година, се задржале и одредени традиции. Една од нив е и новогодишната решителност, која исто така потекнува од Вавилонците. Во тоа време, најчеста решителна одлука кај Вавилонците била да ја вратат позајмената земјоделска опрема. Модерните желби или одлуки кои ги имаат луѓето денес се најчесто да ослабат или да се откажат од пушењето.