Згасна хуморот: „К-15“ заминуваат во историјата

365.com.mk  постојано ве потсетува на легендарните видеа на К-15 кои во изминативе 20 години ја забавуваа македонската јавност. Откако стигна веста дека Цацко, Тошо и Миле ќе ги гледаме  само на видеа од архивата, Љупчо Бубо Каров објасни дека последните два циклуса едвај успеале да ги финансираат, поради огромен недостиг од огласувачи.

– Планиравме да распишеме тендер за снимање и емитување на „К-15“, меѓутоа прочитавме во законот, во член 5 дека телевизиска емисија не подлежи на тендерска процедура. Така што, останува сега, конкретно ако некој е заинтересиран да разговараме за други некои работи и други проекти. На 23 ноември ни беше дваесеттиот роденден и го прославивме без торта, без подароци, а немаше ни гости, што не значи дека немало посматрачи од страна – изјави Бубо Каров за „Плусинфо“.

Причината поради која „К-15“ не се емитува е и тоа што ниедна телевизија не е подготвена да ја плати реализацијата на проектот, но и тоа што на авторите им се нудат зделки кои се неприфатливи, а јавниот сервис воопшто не изразил желба да емитува „К-15“, пренесува порталот.

- Реклама -