25-годишен маж од Мејн го става на аукција својот тил како рекламно
место. Понудувачот кој што ќе понуди најмногу може да стави трајна
тетоважа како реклама на тилот на Марк.
25-годишен маж од Мејн го става на аукција својот тил како рекламно место. Понудувачот кој што ќе понуди најмногу може да стави трајна тетоважа како реклама на тилот на Марк.
Марк Гринло од Мејн досега правел луди аукции од кога почна да работи со најпознатиот сервис за аукции weirdebay.com, но ништо нема да го спречи во неговата најнова авантура. 25-годишниот дечко одлучи да го понуди својот тил како место за трајна реклама на највисокиот понудувач.
Марк има 3 деца на возраст од 5, 3 и 2 години и вели:
“Ја работам оваа аукција да помогнам во издржувањето на моето семејство па макар болело или без обзир на тоа дека би имал лого на тилот, јас сепак би го направил тоа”.
На прашањето дали му смета дека некоја компанија би била брендирана на него цел живот тој одговори: “Воопшто, дури би било забавно и за мене и за компанијата, само замислете колку публицитетот ќе добие компанијата”.
Аукцијата на Марк може да се најде на најпознатиот светски сајт за аукција E-bay под неговиот кориснички ID: maineelectronics. Засега има понуда од 99 центи, но допрва се очекуваат поголеми понуди.
Марк изјави дека на денот на аукцијата ќе оди во живо на локалното радио во Портлaнд на интервју со познатиот DJ Џо Лерман каде ќе го објави името на највисокиот понудувач и на самата компанија.