Ако не сте задоволни со кратката фризура, постои решение.
Растот на косата можете да го забрзате за да го добиете посакуваниот изглед. Ви oткриваме неколку совети со чија што помош ќе успеете во целта.
Пилинг на темето
И на кожата на темето и е потребен пилинг за да ги отстраните мртвите ќелии. Со помош на четка за коса со меки влакна или дрвени запци нежно расчешлајте прамен по прамен од корените до врвот. На овој начин ќе ја поттикнете циркулацијата, а со тоа и ќе го забрзате растот на косата.
Масажа на темето
Масажата на темето ја поттикнува циркулацијата. Доволно е за време на миењето нежно да ги измасирате врвовите со прсти.
Јадете протеини
Влакната воглавно се сочинети од протеини. Доколку вклучите повеќе во исхраната, ќе го забрзате и растот на косата. Јаде повеќе спанаќ, риба, пилешко или ореви.
Повеќе витамини
Растот на косата го забрзуваат и витамините. Во организмот внесете повеќе витамин B7, железо, цинк, робино масло.