Култната жолта тренерка со црни пруги од страните, која Брус Ли ја носеше во филмот „Game of Death“ оваа седмица ќе биде понудена на аукција во Хонг Конг, а проценета е на 32.250 до 38.700 илјади долари.
Легендарниот актер почина во 1973-та година, пред филмот „Game of Death“ да биде снимен до крај. Недовршената верзија се појави во 1974 година, а во 1978-та година е прикажана и долгометражната.
Брус Ли почина во врвот на неговата карера од алергиска реакција на лекови против болки, а благодарение на кунг фу вештините, талентот и харизмата, остави траен печат во светот на кинематографијата.
Режисерот Квентин Тарантино ја овековечи жолтата тренерка, кога во неговиот мега популарен филм „Kill Bill“ ја носеше Ума Турман.
На аукцијата во четврток ќе се најдат уште десетина предмети кои му припаѓале на актерот, а кои останале за неговиот близок пријател и ученик, Таки Кимура, кој ги продал на друг колекционер. Сега, истиот тој се одлучил по повод 40-годишнината од смртта на Брус Ли да ги даде на аукција.
[youtube]http://youtu.be/2xbw7a0kX8g[/youtube]