За Неда Украден слушна цела Британија – Бијонсе, пази се!

Британскиот „Дејли мејл“ објави статија за балканската пејачка Неда Украден, која што ја имитираше Бијонсе во шоуто „Твоето лице ми звучи познато“.
„Внимвај, Бијонсе! Бабичка, која има 64 години, игра секси (тверкува) на твојата песна во црвен корсет и подвески и добива овации.“

Ова е насловот на „Дејли мејл“, по повод актуелната победа на Украден, од изминатиов викенд.

„Бабата Неда Украден (64), од Белград, Србија, ги шокираше гледачите на шоуто кое малку збунувачки се вика „Твоето лице ми звучи познато“. Во ова шоу познатите личности се појавуваат како имитатори на други пејачи и пејачки… Поранешната ѕвезда на југославенската поп музика, сега сопственичка на ресторан, доби овации кога ја заврши точката, во текот на која провокативно танцуваше како помладата колешка Бијонсе“, стои во текстот.

1neda.jpg500

Прочитај повеќе:Неда Украден е српската верзија на Бијонсе

 

- Реклама -