Приказни од секојдневието – Сиромавите и човечноста во нив

Стари кинески поговорки велат  „Со пари можеш да купиш крв, но не и живот“ или „Со пари можеш да купиш човек, но не и љубов“.

Овие три вистиннити приказни се доказот дека сиромавите и просјаците навистина имаат чувство за човечност, и тоа онаква каква што не познаваат алчните за пари суштества кои се самонарекуваат луѓе. За да бидете човек потребно е нешто повеќе од зборот, потребна е храброст, несебична љубов и желба да се помогне. Прочитајте ги овие приказни и размислете дали повторно ќе погледнете „бледо“ просјак на улица.

Ученици добиле нови алишта

11 девојки од училиште за деца со посебни потреби во Индија добиле подарок нова облека од дарежлив донатор. Она што е исклучително посебно во овој случај е тоа што сепак, донаторот не е богат човек, туку  64-годишен просјак.

Кхимџибхаи Праџапати имал мала продавница за чај, но потоа банкротирал и бил принуден да проси на улица. Оваа несреќа сепак не гиапроменило неговите ставови за животот и тој продолжил да им помага на оние кои се полоши од него. Всушност, откако бил  интервјуиран по повод донацијата, тој открил дека одамна сакал да им даде нешто на девојките и долго време заштедувал пари за да купи облека. Управникот на училиштето, кој бил сведок на донацијата  го нарекува вистински филантроп.

Случаен патник пратен од Бог

Иако ова добро дело да не вклучува пари, тоа е за нешто многу драгоцено, бидејќи  спасило човечки живот. Луѓето на станицата  за камиони во Оклахома се соочиле со голем проблем во октомври 2012 година  кога  двојка  побарала помош. Жената само што се  породила и папочната врвца и била превиткана  околу вратот на бебето. Тоа било во несвест, а  луѓето биле загрижени дека брзата помош нема да пристигне навреме.

За среќа, бездомникот Гери Вилсон знаел што да направи. Тој слушал инструкции на телефон за помош, ја тргнал  папочната врвца од вратот  на бебето и нежно го масирал неговиот грб. Лекарите кои пристигнале на местото го поздравиле  Вилсон дека успеал да се снајде со ситуацијата толку мирно и правилно. Иако без никаква трага   исчезнал следниот ден, еден вработен од автобуската станица забележал дека Вилсон личи на Исус, „со долга коса и брада”, па оттука се појави надежта кај луѓето дека овј човек навистина бил пратен од Бог.

Просјак им помогнал на настраданите од поплавите

Минатиот октомври, просјакот Симон Озомена видел како поплава го опустошува регионот  Намбра во Нигерија и решил да им помогне на настраданите. Озомена, кој исто така е инвалид лично зел 188 долари од парите што ги  собрал просејки, па им ги дал на властите. Тие биле трогнати од тоа и ветиле дека ќе  ги користат парите, за да им помогнат на настраданите. Кога го прашале зошто донирал толку голема  сума, тој одговорил: „Беа подобри од мене пред инцидентот”.

- Реклама -