Вториот ден од големиот дизајнерски и информатички настан DIGIT кој е поддржан и се одржува во просториите на Seavus едукативниот и развоен центар, а е во организација на Студентскиот парламент при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство го одбележа големиот интерес на студентите за предавањата и креативните работилници од областа на дизајнот.
Според програмата во текот на вчерашниот ден се одржаа повеќе предавања и работилници на кои студентите имаа можност подобро да се запознаат со теоријата на дизајнот, типографија, логоа, како и дизајн трендови за следната година.
Предавањата беа реализирани од страна на професори од ФИНКИ и предавачи од Seavus едукативниот и развоен центар.
Вториот ден беше заокружен со посета на најголемата македонска ИТ компаниja Seavus, преку која студентите добија можност одблиску и детално да се запознаат со работата на компанијата која веќе повеќе од 14 години успешно работи на светскиот пазар и важи за репер за професионалност, посветеност и воведување на иновации за што поголем развој на оваа индустрија.
Големата посетеност и заинтересираноста на учесниците за DIGIT покажува дека студентите се желни за дополнително знаење и пракса и дека одржувањето на вакви настани им помага дополнително да ги развијат своите вештини и знаење.
Факултетот ФИНКИ заедно со Seavus едукативниот и развоен центар се златни спонзори и поддржувачи на шестдневниот ИТ настан.
Едукативниот и развоен центар на Seavus во јавноста е добро познат по несебичната и постојана поддршка на настани од областа на ИТ индустријата.