Google понуди подобрувања за апликацијата за камерата на Android

 

Во почетокот на овој месец на Интернет просторот се наслушнуваа гласините за скриен изворен код во апликацијата која е наменета за подобар перформанс за камерата на Android кои наговестуваа дека апликацијата има сериозни проблеми.

Деновиве Google ги потврди тие гласини.

Потпаролот на Google- Џина Сиглиано потврди дека програмерите на Android во моментот работат на новите спецификации кои веќе се презентирани во новата верзија на Android.

“Последната верзија на камерата HAL (hardware abstraction layer) на Android, поддржува основна фотографија. Во индина, ние планираме да претставиме нова верзија на developer API [application programming interface] со цел да се приоритизираат фунциите на апликацијата HAL„ – објасни Сиглиано.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

Тоа значи дека сите програмери ќе можат да ги користат новите опции на новото API. Додека хардверот е многу важен кога станува збор за фотографирање, софтверот може да поднесе големи промени – па затоа можеби ќе бидеме сведоци на нова промена кај Android која можеби ќе го приближи Google до Lumia и iPhone кои имаат многу добри фотографски способности.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -