Случајно откритие: Нашите телевизори не шпиунираат

Се сместивте удобно пред телевизорот и се спремивте да се релаксирате во приватноста на вашиот дом? Е па, баш и не можете. Вашиот телевизор, буквално, ве шпиунира.

Непознати луѓе ве набљудуваат и го следат секој ваш „телевизиски“ чекор. Тие знаат што јадете и што облекувате, знаат во кој дел од денот што гледате и која ви е омилена емисија. Дел од тие мистериозни набљудувачи се криминалци, а некои се корпорации (некои се и двете). Ова не е само сцена од дистописки научно-фантастичен филм, туку и реалност.

4049014901_79c2d7039d_z[1]

Имено, пред неколку дена, ИТ консултантот Џејсон Хантли, познат во блогосферата како DoctorBeet, открил чудна направа во неговиот нов LG телевизор од 400 долари. Се посомневал дека нешто не е во ред, кога забележал дека се емитуваат само реклами што се поврзани со програмите и емисиите што ги гледал (истото, веќе одамна, може да се забележи и на социјалните мрежи, ако обратите внимание). Хантли заклучил дека се што го интересира од ТВ понудата, секое копче што го притиснал, и секое семејно видео што го изгледал на телевизорот, стигнува до седиштето на компанијата во Јужна Кореја. Тој тврди дека информациите продолжиле да се испраќаат и откако ја избрал опцијата што требало да ја исклучи секоја врска со Интернет и испраќање на информации.

Откако сознанијата ги објавил на својот блог, LG покренала своја истрага, тврдејќи дека приватноста на корисниците им е на прво место.

Од друга страна, ИТ експертите не се воопшто изненадени. Тие сметаат дека ова откритие е само мал дел од се она што се прави без наше знаење, или како што вели популарната американска фраза – „само врвот на сантата мраз“. Речиси секој од нив предупредува дека во иднина можеме да очекуваме уште вакви откритија, но и дека телевизорите со Интернет се лесна мета за хакерите и дека треба да се биде внимателен со нив.

- Реклама -