Погрешната облека може да ја уништи и најдобрата фотографија, а тоа ни експертите во фотошоп неможат да го порават.
Проблемот е во тоа што одредена облека, која можеби функционира во некоја ситуација, нема да биде добар избор за некоја друга.
Еве неколку едноставни правила кои треба да ги следите, кога модата и силот е во прашање, ако сакате да изгледате подобро на фотографиите:
Носете посветли бои во близина на лицето
Темните бои нема да ви ласкаат на фотографиите. Ќе изгледате „избелени“. Дури и ако сакате да носите црно од глава до пети, малку боја, дури и бело во близина на вашето лице, ќе направи чудо. Можеби некоја марама или шал…
Ставете очила за сонце
Прво, очилата за сонце се супер, ако сте го погодиле моделот кој на вас ви одговара. Второ, одлични се за криење на уморните очи и темните кругови, ако не сте во добро издание заради недостаток на спиење или бурна ноќ.
Деколтето е пожелно
Отвореното деколте прави вашиот врат да изгледа подолг, што секогаш е ласкаво. Освен тоа, луѓето ја забележуваат кожата, што е добар начин да го оттргнете вниманието од лицето.
Држете се до графички шари на облеката
Графиките се одлични, но кога некој ја гледа фотографијата на која сте вие, сакате да бидат фокусиран на вас а не да открие каква е шарата на вашиот фустан.
Носете јакна/сако преку рамената
начинот на кој ќе ја ставите јакната на рамениците може да ја сокрие надлактицата и да направи да изгледате повисоки и послаби. Можеби ќе ви се чини незгодно вака да позирате, но дефинитивно вреди.
Важна е и типот на ткаенината
Дали станува збор за крзно или волнен џемпер, одредени текстури на материјали ќе направи подобар визуелен впечаток на вашето лице кога станува збор за фотографија. На тој начин вашата кожа ќе делува помазна.
Шапката помага да го обликувате вашето лице
Шеширот на вашата глава додека позирате дава неверојатни резултати. Создава т.н. „ореол“ ефект и го нагласува обликот на вашето лице во најдобар можен начин.