Направете еколошки освежувач на просторот за минута

За овој предлог е потребно буквално минута од вашето време и речиси никаков трошок, а резултатот е апсолутна свежина во домот.

Нормално, се работи за еколошки освежувач на просторот, за кој ви се потребни следниве состојки:

1. Тегла со алуминиумски капак

2. Сода бикарбона

3. Есенцијално масло по ваш избор.

osvezivac_1383144986_670x0 (1)

Подготовка

На капакот од теглата направете неколку дупки, а потоа во неа додадете неколку лажички сода бикарбона. Потоа додадете 8 капки од есенцијалното – етерично масло по желба (да речеме лаванда, портокал, рузмарин…) Сода бикарбоната собира непријатни миризби, а маслото дава свеж мириз. Доволно е само повремено да ја протресете, Малата тегла може да стои на било кое место во домот или во автомобилот.

- Реклама -