Трик за инстант животи на Candy Crush Saga на вашиот смартфон

Candy Crush Saga е неприкосновено популарна игра на Фејсбук, со просечни речиси 50 милиони корисници на месечно ниво. Високо-зависна и прекрасна за око… да не заобиколуваме, штом сте тука веќе знаете се што ние би можеле да напишеме. Да прејдеме на „хак“-от и на тоа како да ги заобиколите оние фрустрирачки 30 минути чекање за дополнување на живот, или пак молење пријатели кои баш кога ви треба малку „поволен ветар“, не се тука.

Можеби сте го испробале, можеби сте се сетиле и сте биле скептични дека ќе работи, но сепак, Reddit-орот „vagoon“ објаснува во што е трикот: Можете да ги отстраните овие периоди на чекање (дури и кај слични апликации) со едноставно менување на временските сетинзи на вашиот смартфон. Штом ги потрошите животите, сменете го времето на вашиот телефон за еден ден подоцна. Кога повторно ќе ја вклучите играта, ќе имате 5 животи на респолагање. Не заборавајте, што побрзо вратете ги сетинзите на точните вредности – животите сеуште ќе бидат на располагање.

timesettings

Трикот работи перфектно со Candy Crush Saga на iOS и Android.

*Во случај нешто да тргне на лошо, едноставно реинсталирајте ја играта.

- Реклама -