Алатот, како и сите други метални предмети, со текот на времето рѓосува и станува малку или воопшто неупотреблив.Еве едноставен начин да ги вратите во живот, а се што ви треба се најчестите домашни намирници и малку трпение.
Потребно ви е:
- јаболков оцет (веројатно и белиот оцет ќе ви заврши работа, но методот не е проверен)
- сол – познато е дека во комбинација со оцетот работи добро при чистење на железни пари
- пластичен сад доволно голем за да го собере алатот
- стара четка за заби
Ставете го алатот во садот и сипете доволно оцет за да го потопите р’ѓосаниот дел.
Посипете сол на целата област со р’ѓа.
Алатот оставете го да „кисне“ во растворот околу 24 часа.
По еден ден, ќе забележите дека речиси сета р’ѓа отпаднала, а растворот ќе биде полн со остатоци. Тука стапува на сцена четката за заби. Исчеткајте го алатот за да ја отстраните и преостаните останки од р’ѓата.
Пробајте да го разработите алатот. Потоа повторно потопете го, одново исчеткајте го и пробајте да го разработите. Ќе забележите дека се полесно ќе ракува со него. Повторете го процесот уште еднаш и алатот би требало целосно да се разработи за многу кратко време. Најверојатно ова ќе ја заврши работата, но во краен случај, вратете го алатот во растворот и оставете го уште 24 часа.
Исплакнете го алатот и отстранете ги сите остатоци од растворот или водата со сува крпа, а потоа оставете го на топло место за да се исуши. Подмачкајте го со моторно масло и повторно разработете го, за да избегнете повторно да р’ѓоса.