Речиси секојдневно слушаме за области погодени од торнадо, а бројките на жртвите и статистиките за предизвиканата штета доволно говорат за моќта на овие ветришта. Но, живеејќи на поднебје каде ваквата закана ни е непозната, тешко е да имаме претстава како тоа изгледа кога ќе го доживееме на своја кожа. Следното видео е снимено од Марк Велс, за време на торнадото што на 17-ти ноември го погоди Вашингтон, Илиноис. Повелете и учествувајте во едно застрашувачко искуство што несомнено ќе ве натера повеќе да си го цените животот, а пред се, вашите блиски.
За чудо, и за среќа, никој од семејството на Марк не бил повреден. За жал, не можеме истото да го тврдиме за соседите.