Жените кои глумат оргазам почесто изневеруваат

Ново истражување открило како всушност жените кои глумат оргазам, се  и жените кои најчесто ги изневеруваат своите партнери.

Дали некогаш сте одглумиле оргазам? Некои жени се одлични во тоа, а новото истражување открило дека токму тие се поподложни на извршување прељуба.

Според пишувањето на Daily Mail, дури 50% од жените одглумиле оргазам, и тоа за да не ги повредат чувставата на своите партнери. Иако понекогаш се во состојба да одглумат оргазам и мажите, жените тоа го прават многу почесто, а една од шест девојки кои спаѓаат во оваа категорија признала дека го изневерила партнерот.

Меѓутоа, иако жените статистички почесто глумат оргазми од мажите, сепак, се уште први на листата за изневерување се припадниците на посилниот пол.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”
- Реклама -