Многу изгореници се последица на несреќни случаи во домаќинството. Поради топлината или разните хемикалии не е чудно ако се изгорите, но првото пружање на прва помош е од голема важност и кај силните и кај послабите изгореници.
Кога ќе дојде до изгореници најпрво треба да го тргнете накитот или облеката кои можеби го притискаат критичниот дел.
Првата помош кај изгорениците подразбира местото да го држите по вода најмалку 10 минути. Водата ќе ја разлади кожата и ќе го смири пецкањето. Доколку водата не ви е при рака од помош може да ви биде ладното млеко или ледениот чај или пак било која течност која не ја надразнува кожата. После тоа изгорениците треба да ги прекриете со стерилен, нелеплив завој или било каква чиста и сува ткаенина која добро впива.
После пружање на прва помош изгорениците можат сами да зараснат, но во тоа можат да им помогнат и следните нешта:
Маст од лаванда
Нанесете од маста на изгорениците и прекријте ја со завој, а ивиците зацврстете ги со фластер. Додавајте масло на секои два часа во текот на наредните 24, но не ја вадете газата.
Масло од катран
Ова малсо уште одамна е познато како масло кое се нанесува на сите рани, па така и на изгорениците. Се користи за лечење на полесни изгорениции како и оние од сонце, со тоа што се нанесува на оштетеното место.
Алое вера
Гел од Алое вера се користи така што се нанесува и на раната. Но и листото може да биде делотворен. Треба да го превиткате по должина, па сокот од него ќе се цеди на раната.
Маст од невен
Делотворен е кај изгорениците од сонце, како и останатите изгореници од мал степен, како што се од пегла, рерна и слично.Треба добро да се утрие на изгореното место и постапката да се повтори неколку пати во денот.