Првото видео објавено на YouTube

Првото  видео кое воопшто се појавило  на YouTube било објавено на 23 април 2005 година, под наслов „Јас во зоолошката градина”. Истото било направено од страна на Јаков Лапицки во зоолошката градина во Сан Диего, а на него се појавува во рамка еден од основачите на YouTube, Џавед Карим. Во позадина се слуша како блее коза, и тоа е сè. 18 секунди видео кое изгледа прилично скромно , но со него започнува вистинска револуција – во текот на летото во 2006 година повеќе од 65 000 видеа  се објавуваат на сајтот секој ден. Во октомври истата година Google го купува YouTube за 1,65 милијарди долари.

- Реклама -