Хонда со нови турбо мотори

Јапонската компанија Honda претстави три нови мотори од серијата Earth Dreams. Тоа се бензински VTEC Turbo агрегати со зафатнина од 1.0, 1.5 и 2.0 литри.

Сосема сигурно е дека новите мотори ќе излезат на пазарот во најскоро време. Тие ќе се вгардуваат во мали и средно големи модели на брендот, а располагаат со системи за преполнување и за директно вбризгување на горивото. Агрегатите се дел од новата серија Earth Dreams и ги задоволуваат Еуро 6 нормите.

 

 

Најмалиот од нив е трицилиндерскиот со волумен од 1,0 литар. Следат 1.5-литарски со четири цилиндри и 2,0-литарски, исто така четирицилиндерски, кој ќе се вградува на новиот Civic Type R. Набилданата верзија на Civic веќе се тестира на патеката Нирбургринг, а премиерата ќе биде на салонот во Токио.

Од Honda понудија слики на тест верзијата на Civic Type R, а се прецизираа дека новиот 2.0-литарски VTEC Turbo мотор испорачува повеќе од 280 КЅ.

 

- Реклама -