Денеска во повеќе од 50 светски држави се одбележува денот на мажите, со цел да се насочи вниманието кон здрајето на мажите, подобрување на односите меѓу половите, поттикнувањето на еднаквостa, како и нагласување на однесувањето на мажот во друштвото.
Зошто токму 19. ноември? На денешен ден во 1999 година бил одржан спортски настан со цел подобрување на половите, расни и религиски разлики.Тогаш за прв пат бил одбележан денот на мажите.
Овој ден иам три цели. Првата е подигање на свеста за здрави деца и мажи. Втората цел е родовата еднаквост, низ дијалог и заедничко одбележување со цел да се нагласи улогата на мажот како партнер и сопатник. Третата е истакнување на мажот во социјалниот живот, за да се отстварат првите две.