Јапонецот Кеничи Ито го подобри рекордот во спринт на 100 метри, а новото време изнесува 16.87 секунди. Но чекај малку, нели Усаин Болт ги истрча за 9.58 секунди? Има една мала разлика меѓу Кеничи и Болт – Кеничи „трча“ на четири нозе!
Новото време е за половина секунда подобро од неговиот претходен рекорд од 2012 година, кој патем, е целосно признаен од Гинис. 30-годишниот Ито, познат и како „Monkey Man“, брзо лази уште од 10 години. За да ја подобри техниката, тој го проучува начинот на кој приматите бегаат при страв, а згора на тоа, го вметнува „лазењето на четири“ и во секојдневниот живот. Неговиот најголем сон е дека еден ден, неговата омилена дисциплина ќе биде официјално признаена во светската атлетика.