Камерон Дијаз призна дека има сериозна фобија од лебарки.
Генерално таа не е обожавател на никакви инсекти, но од овие буквално збудалува.
„Не сакам инсекти. Лебарки особено. Не сакам да бидам околу нив. Тие ме плашат до тој степен што дури ми е срам “, изјави во интервју актерката.
„Не се плашам од многу нешта. Не ми е страв од пајаци, на пример. Ги сакам змиите. Знам дека тие не се инсекти, но многу луѓе се плашат од нив и имаат фобија. Лебарките сепак само ме полудуваат “, додаде ѕвездата.