Болниот стереотип „надувани“ гради и усни зазема толку голем замав, што во Венецуела куклите по бутиците изгледаат како да биле на естетска хирургија.Огромните гради, силиконските усни, плаетичните носеви и предолгите нозе станаа вообичаени не само во светот на манекенките и моделите, туку и меѓу обичните жени. Во Венецуела отидоа чекор подалеку, па дури и куклите од излозите „подлегнаа на пластични операции“. Имено, излозите во бутиците се преплавени со неприродни димензии кои ги отсликуваат силиконските „убавици“.
Како да не е доволно што естетската хирургија влезе во културата на Венецуела до таа мерка што секоја богата жена ваквиот зафат го доживува како рутина, а сиромашните штедат за да се разубават, па излезе и нов хит: Кукли со силикони.
Елизер Алварез, прв произведувач на куклите со силикони, се одлучи на овој потег. бидејќи посака да и прижи на Венецуела прототип за изглед каков што го пружаат естетските хирургии.
– Куклите изгледаа природно, кога и жените беа природни. Трансформацијата се случи паралелно и кај жените, и кај куклите, вели Нерида Коро, неговата сопруга и соработник.
Опсесијата со убавина во Венецуела се појави кон крајот на седумдесетите и осумдесетите години како последица на успехот на оваа земја на изборите за Мис на светот. Венецуелките стаа познати како убавици, па пластичната хирургија стана вообичаен начин на разубавување.
[youtube]http://youtu.be/LHcwoCy_ZHA[/youtube]