Тешко е да се замисли еден ден од животот на племето Kата, кога сме се населиле на удобно меѓу четири бетонски ѕида, а бежичниот интернет нè поврзува со остатокот од светот. Ката се принудени да се преместуваат 5-10 пати годишно, да градат нови населби при температури од -40 степени и да користат елени за превоз, храна и облека.
Before They Pass Away е еден долг проект на фотографот Џими Нелсон – односно благодарение на него имаме единствена можност да видиме над 30 изолирани племиња од целиот свет, кои полека умираат.
Џими поминал 2 недели кај секое од нив, запознавајќи се со нивните традиции, земајќи учество во нивните ритуали и фотографирајќи ги на особено привлечен начин.
[youtube]http://youtu.be/KFam-gtZ4Sk[/youtube]
Неговите детални фотографии покажаа уникатни накит и фризури. Според Нелсон неговата цел е светот никогаш да не заборави како се вршеле работите некогаш.
„Најмногу сакав да создадам еден амбициозен и естетски фотографски документ кој ќе го замрзне времето. Еден труд, кој ќе биде незаменлив – етнографска архива на световите кои брзо исчезнуваат. Погледнете неколку уникатните фотографии на племињата. Дали би се откажале од смартфонот, телевизијата и интернетот, за да живеете како овие луѓе?