Фризерските салони се полни со мажи кои сакаат да изгледаат како Бекам и Бибер

Фризерските салони во Велика Британија во последно време се преплавено со барања од машките клиенти за третман кој до сега бил резервиран исклучиво за жени.

Всушност, мажите се повеќе бараат надоградба на косата за да го постигнат ефектот на густа и бујна коса „a la“ Бекам.

Сопственикот на салонот во Лондон, Пол Едмондс константирал дека мажите се повеќе бараат надоградба на косата, за да нивната ретка коса да биде што погуста.

Машката надоградба е толку популарна што побарувачката е зголемена на 200%, а Едмндс вели дека мажите се подготвени многу да издржат за да ја фрлат косата наназад како што тоа го прават нивните омилени ѕвезди.

„Мажите се очајни во обидот да постигнат фризура како Бекам, Бибер и Стајлс“.- вели тој.

- Реклама -