Полскиот уметник Павел Кучински е познат по сатиричната критика на светските политики и проблеми. Неговата работа често се движи околу проблемите на светската сиромаштија, војната, политичката (не)искреност и нерамномерната распределеност на богатството.
Преку новата серија илустрации, тој продолжува да не тера да размислуваме, ставајќи ги во фокус збунувачките и контрадикторни елементи на светот во кој живееме. Неговата моќ е да направи да застанете и да ги преиспитате своите ставови, или едноставно да се потсетите на некои од нив, уште пред да ја доловите пораката на неговата илустрација. Погледнете:
На некои од неговите постари дела можете да се потсетите овде, а повеќе информации за артисто ќе најдете на неговиот сајт.