Не е тајна дека и на жените и на мажите во текот на сексот понекогаш мислите знаат да излезат од контекс, па така таа знае често да размислува за новите кондури кои ги видела во излозите, а тој се прашува кој е резултатот на натпреварот кој моментално го пропушта на телевизија. Но, освен овие вообичаени „фантазирања“ на кои и не им е место во кревет, мажите признаваат дека понекогаш имаат бизарни и смешни мисли со прилично необични желби.
Слатките и необични активности во текот на сексот до сега беа тајна, но дојде време и мажите да проговорат за нивните тајни работи кои во интимните моменти ги прават со своите партнерки. Еден машки портал објави анкета во која беше поставено само едно прашање: „Кои биле најневообичаените работи кои сте ги правеле во текот на сексот?“ Одговорите можат да ве изненадат:
– Го пратам ритамот на песната која свири. (Игор)
– Ја вклучувам камерата или сликам набрзина неколку фотографии. (Борис)
– Го следам движењето на телото и се обидувам да бидам што повеќе секси. (Тин)
– Плачам. (Габриел)
– Се потам. Ако не се потиш, тогаш не ја правиш својата работа правилно. (Кристијан)
– Ја терам да го каже моето име и тоа толку гласно и соседите да знаат. (Хрвоје)
– После работниот ден се обидувам да останам буден. (Круно)
– Замислувам дека сум главна улога во порно филм. (Бруно)
– Пресметувам колку ќе ми биде каматата на штедната книшка. (Марко)
– Се смеам во себе на нејзините изрази на лицето. (Дубравко)