Модерното темпо на живеење ни наметнува големи желби и достигнувања, малку време и многу проблеми. Истовремено, луѓето се повеќе се привикнуваат на живот полн со метеж, загадена околина и секојдневни стресни ситуации.
Но, постојат и такви на кои им е смачено од ваквото брзо темпо, па се што сакаат е да имаат скромен дом изолиран од гратскиот метеж. Токму таков е и овој кој ви го прикажуваме во галеријата подолу.
Станува збор за реновирана стара фарма, чија автентичност и рустичност е задржана, а сепак изгледа неверојатно модерно и удобно. Пространиот зелен двор исполнет со расцутени лаванди и винтиџ ентериер кој пленува на прв поглед, го претвораат овој необичен дом во вистинска идила за сите оние кои се љубители на мирниот живот и уживањето со најблиските.