Рецензија без спојлери за Thor: The Dark World

‘Thor: The Dark World’ е најновиот од серијата филмови од Marvel кои се групирани во ист универзум. Кога станува збор за филмови со супер херои ‘Thor: The Dark World’ за мене е на самиот врв. Не затоа што е перфектен или пак најдобар ваков филм сnимен досега, ‘Thor: The Dark World’ е неверојатно забавен за гледање. Акционите сцени се одлично снимени, а има и одличен баланс помеѓу комедијата, акцијата и драмата во филмот. Филмот остава впечаток дека намерно сака да ги исполни желбите на големиот број на љубители на приказните од Marvel, што не значи дека филмот е наменет само за фановите, напротив во него има по нешто за секого.

Спојлери во рецензијава нема да има и сите кои не го гледале филмот досега, можат слободно да ја прочитаат цела без да се плашат дека ќе им ги расипам изненадувањата кои ги има спремено Marvel.

MkKod.mk-2620
„АЛАН ТЕЈЛОР ПОКАЖА ДЕКА ОДЛИЧНО ЈА РАЗБИРА ДЕНЕШНАТА 3D ТЕХНОЛОГИЈА.“

Ќе започнам со начинот на кој се снимени акционите сцени во филмот, кои ги има во изобилство. Режисерот Алан Тејлор иако досега најголемо искуство има на малите екрани (Game of Thrones), завршил феноменална работа во овој поглед. Начинот на кој се снимени дава одлична прегледност на борбите, а без да ви го расипам доживувањето ќе кажам само дека некој од нив се случуваат во тотално откачени сетинзи, со брзи движења на камерата и многу ефекти.

Често во такви сцени ми се случува да се изгубам и да не знам што се случува, меѓутоа овој пат тоа не ми се случи. За ова веројатно придонесе и одличната имплементација на 3D ефектите, кои не беа претерано истакнати без потреба и како ретко кога послужија да се подобри доживувањето. Алан Тејлор покажа дека одлично ја разбира денешната 3D технологија.

Сето ова го прави ‘Thor: The Dark World’ еден од најдобрите ако не и најдобриот акционен филм оваа година.

MkKod.mk-2622
„СЦЕНАРИОТО Е НАПИШАНО НА НАЧИН НА КОЈ СЕ ЗАДОВОЛУВА ПОТРЕБАТА ОД АКЦИЈА И ХУМОР ВО ЕДЕН ВАКОВ ФИЛМ.“

Што се однесува до приказната и сценариото, тие започнуваат околу една година после настаните во ‘The Avengers’ и ќе ве однесат на многу места во универзумот. Во сценариото има прилично многу комични моменти, но сепак ова не е комедија и не очекувајте дека ќе се смеете во текот на целиот филм. Хуморот во филмот во најголем дел доаѓа природно, посебно во моментите кога Локи е присутен на екранот.

Прочитајте и:  Kinds of Kindness“ во режија на Јоргос Лантимос - визионерска симфонија на апсурдот

Сценариото е напишано на начин на кој се задоволува потребата од акција и хумор во еден ваков филм. Она што барем според мене недостига е поголема тензија и драма во приказната. Ова не е поради недостатотокот на изненадувања и пресврти. Причината е постара кога станува збор за филмови во универзумот на Marvel. Со исклучок на Локи, кој и повеќе е анти херој отколку негативец, останатите негативци во филмовите на Marvel остават впечаток дека се ставени во филмот само за да се лоши и да сакаат да нанесат некоја штета, најчесто да го уништат универзумот.

Истото продолжува и со Малекит. Да ќе дознаете одма дека е лош и сака да нанесе некава штета, меѓутоа причините кои стојат позади тоа како да не постојат, од него не видов ниту една емоција или пак ги дознав подлабоко мотивите кои стојат позади неговата желба за уништување. Ова не е вина на актерот, Кристофер Еклестон, едноставно во сценариото не е оставено простор за нешто повеќе со карактерот на Малекит. Филмот трае речиси 2 часа и без никаков проблем би останал уште половина час да дознаам нешто повеќе, како за Малекит, така и за другарите на Тор: Сиф, Фендал, Волстаг, Хогун и т.н. За овие последните се надевам дека ќе имаме можност да ги гледаме во поголема улога во некој од наредните филмови од универзумот на Marvel.

Сценариото одлично ја поставува сцената за наредните филмови од универзумот. Како и зошто нема да пишувам, како што веќе напишав погоре во рецензијата ќе нема спојлери. Само ќе кажам дека првата сцена после завршувањето на филмот, онаа вообичаената за филмовите на Marvel се однесува на ‘Guardians of the Galaxy’ еден од наредните филмови во истиот универзум.

Текстот е објавен во соработка со мк.код

- Реклама -