Целосна преобразба на еден сиромашен бездомник (Видео)

Позитивните промени во физчкиот изглед на човекот понекогаш можат навистина да го поткренат егото и да ја зајакнат самдовербата, па дури и да направат поголеми промени врз животот на личноста.

Ваквата шанса му беше дадена на бездомникот Џим Волф, кој после декади справување со сиромаштијата, бездомништвото и алкохолизмот, се пријави да биде дел од физичка трансформација која ќе биде документирана. Ќе се изненадите каква разлика можат да направат само неколку минути.

Видеото подолу служи како потсетник дека без разлика на тоа колку некои луѓе биле изложени на суровост и немаштија со години, сепак, и тие како и сите останати, се само обични луѓе. И дека можеби, кога општеството би им пружило помош, поддршка и шанса, нивните животи значително би се смениле, а улиците би добиле многу поведар лик.

[youtube]http://youtu.be/6a6VVncgHcY[/youtube]

- Реклама -