PAADA добро се офајдил од неговиот „ethereal flame pink War Dog“.
Dota 2 играчот “PAADA” го продал курирот кој може да го видите на сликата горе за 38 ијади долари, преку аукција на Reddit.
Станува збор за „ethereal flame pink War Dog“ кој е многу редок, посебно поради комбинацијата од двата ефекти (ethereal flame и pink), а и War Dog типот на курири е еден од најпосакуваните. Ваквата комбинација го прави курирот многу редок. По тоа што може да се прочита по форумите постојат само четири вакви курири.
За оние што не се запознаени со Dota 2, курирот во играта служи да носи итеми до играчите, а тоа дали е обичен, кој е бесплатен, некој редок кој може да го добиете со играње или да го купите за неколку долари или пак ваков од 38.000 долари, воопшто нема да ви влијае на гелмплејот, разликите се само козметички.
38.000 долари изгледаат неверојатно за итем во игра, но ова не е најскапиот виртуелен итем од игра продаден досега. Jon Jacobs својата вселенска станица од Entropia Universe ја продаде за неверојатни 635.000 долари во 2010 година и веројатно си ги реши сите финансиски проблеми.
Текстот е објавен во соработка со mkkod.mk