Многу те сакам: Писмо на заљубено дете стана хит на интернет

 

Писмото на едно дете од Америка кое изразува љубов на својата соученичка стана вистински хит на интернет.

Момчето собрало храброст и го отвоило своето срце пред извесна Ешли, која ја замолило да стане негова девојка.

„ Драга Ешли, дали би сакала да бидеш моја девојка? Многу те сакам“, напишало момчето во пораката до својата симпатија, а под текстот и понудил ЕКТС шема, односно да избере еден од понудените одговори: да, не или можеби.

За жал таа ја одбила неговата понуда и заокружила „не“. Но, не сакајќи да ги скруши сите мостови зад себе, таа напишала и објаснување.

„ Жал ми е. Јас веќе имам дечко, но кога ќе раскинеме, ти ќе бидеш мојот прв избор“, напишала Ешли и додала дека тоа веројатно ќе биде за еден или два месеци.

Писмото е поставено вчера на Reddit, a досега е прегледано повеќе од милион пати.

detsko-ljubovno-pismo-stana-vistinski-hit-2

 

- Реклама -