Најчесто, кога некоја жена ќе наречете „вештерка“ се смета како навреда. Но, јапонскиот магазин Bisuto ја презема фразата „Прекрасна вештерка“ во 2009-тата и организираше избор на средовечни убавици (над 35 години), во смисла на славење на нивната „маѓепсувачка“ женска убавина недопрена од годините.
Изборот има за цел да ги провлече средовечните убавици низ дебелата сенка наметната од индустријата и младите женски модели.
Одржан минатата недела, овогодинешниот „Национален избор за најубава вештерка“ беше тематски и помина во знакот на „Ноќта на вештерките“, а првата награда отиде кај 39-годишната Мајуми Нишимура. Таа се опишува себе си како „нормална домаќинка“, но успеа да победи 19 финалистки, избрани од преку 2400 учеснички, од кои голем дел се професионални модели. Судиите велат дека Мајуми, со пропорции 85-64-89, ја освоила сцената со својата широка насмевка и доброто расположение.
Нишимура ја открива својата тајна: најмалку 2 пати неделно, таа го пушта ДВД-то од омилената женска група и паралелно со нив, пее и танцува, и покрај негодувањата од сопругот.
Погледнете дел од изборот. Нема да се покаете: