Осум работи што навистина треба да ги направите сега, и кога всушност ќе ги направите

8 работи кои секогаш е пожелно да се направат со време, но никогаш не ги правиме.

Купување подароци

8 Things You Really Should Do Now and When Youll Actually Do Them

Ако го направите сега: Ќе имате недели да осмислите совршен подарок, значаен поклон за секој од блиските во кој навистина ќе уживаат.
Кога всушност ќе го направите тоа: Десет минути пред да одите на нивната забава, навратувајќи во најблиската продавница или со импровизиран поклон од дома.
Облечи се топло и стопли се

8 Things You Really Should Do Now and When Youll Actually Do Them

Ако го направите сега: Нема да се разболите.
Кога всушност ќе го направите: Откако ќе настинете неколку пати и бидете 95% болни, веќе се наоѓате обвиткани во најтоплите палта и џемпери „спремни„ за зимата.
Учење за испити

8 Things You Really Should Do Now and When Youll Actually Do Them

Ако го направите сега: Ќе ги организирате вашите белешки и ќе ја освежите вашата меморија на клучните концепти од првата половина на семестарот.
Кога всушност ќе го направите: Вечерта пред испит, кога ќе бидете убедени дека тие белешки и нема да ги има на испитот.

 

Купување на зимски капут и чизми за снег

8 Things You Really Should Do Now and When Youll Actually Do Them

Ако го направите сега: Ќе имате широк избор на располагање по разумни цени.
Кога всушност ќе го направите: Во Јануари, кога едниствениот останат избор е неонско виолетови, крзнени и прескапи.
Започнете со нега и заштита на лице

8 Things You Really Should Do Now and When Youll Actually Do Them

Ако го направите сега: Вашата кожа ќе биде здрава и негувана, и ќе избегнете создавање брчки и црвенила.
Кога всушност ќе го направите: Можеби кога ќе бидете 40 години? Дефинитивно 40, знаете, кога веќе ги имате брчките и не се препознавате.
Организирање на вашите документи за данок

8 Things You Really Should Do Now and When Youll Actually Do Them

Ако го направите сега: Ќе знаете точно колку сте потрошиле оваа година и ќе бидете во можност да се зголеми намалувањето.
Кога всушност ќе го направите: Крајниот рок во Фебруари, кога ќе ги начекате сите гужви на шалтерите и надевајќи се дека ќе стигнете во зададениот рок.

Направете планови за Новогодишната ноќ

8 Things You Really Should Do Now and When Youll Actually Do Them

Ако го направите сега: Луѓето можеби ќе ви се смеат, но вие барем ќе имате планови за најстресната забава во годината.
Кога всушност ќе го направите тоа: Десет навечер на 31-ви декември, кога како луди вртите на сите што ги знаете поканувајќи се на забавата на која тие ќе одат.
Почнете со вежбање

8 Things You Really Should Do Now and When Youll Actually Do Them

Ако го направите тоа сега: Ќе развиете рутина која ќе ви помогне да останете активни и здрави во текот на ладната зима.
Кога всушност ќе го направите тоа: Наредната есен. Навистина овој пат. Ветувам.

- Реклама -