И после повеќе од 2 години од разурнувачкиот земјотрес и цунамито во Јапонија, потребите од хуманитарна помош и поддршка при закрепнување се сеуште големи. Во Јапонија секојдневно пристигнуваат голем број пакети, од сите страни на светот, но колку се од помош, проценете сами. се чини дека во голема мера, „хуманите“ се однесуваат во стилот: „Повели, ТИ фрли го ова“.
ОРИГАМИ, МНОГУ ОД НИВ
Јапонската традиција на превиткување 1000 оригами на хартиени жерави може да обезбеди малку утеха во катастрофални времиња, но кога ќе ви пристигнат тони и тони хартија, се што добивате е дополнителна обврска да се ослободите од неа. Сериозно, колку ли оригами им се потребни на засолништата за бездомници, училиштата и локалните власти?
ИЗНОСЕНА ДОЛНА ОБЛЕКА
Уште една голема поплака на хуманитарните организации, а се однесува на огромните пристигнати количини на валкана, износена и вонсезонска облека. „Меѓу облеката имаше дури и видно износени градници и долна облека“, велат тие. Се чини за многумина е полесно да „донираат“ отколку да отидат до најблискиот контејнер.
СТАРА НЕУПОТРЕБЛИВА ТЕХНОЛОГИЈА
Помагањето на луѓе во криза е прекрасна работа, но ако под тоа подразбирате да им го испратите својот лап-топ од 1995 година и еден куп расипани флопи драјвови, дефинитивно треба да се откажете. Еден Јапонец вели дека еден од „пакетите за помош“ (пристигнат преку пошта) се состоел само од аналоген телевизор, а дури фалело и далечинското.
ПАКЕТИ СО НЕРАЗБИРЛИВИ ЕТИКЕТИ
Иако благодарни, многу од настраданите морале да фрлат голем дел од пакетите со храна и лекови, бидејќи пристигнале само со етикети на странски јазици. Без познавања од јазици и без алатка што ќе им ги преведе етикетите, а загрижени во однос на роковите на употреба и состојките, настраданите нерадо се откажувале од овој вид помош. Паралелно, овде можат да се додадат и илјадниците ‘рѓосани и оштетени конзерви храна со поминат рок, но и пакет со 500 домашно-направени ќофтиња од ориз, кои се расипуваат уште пред да стигнат до Јапонија.
НЕУПОТРЕБЛИВИ ЛЕКОВИ
Ако не сте доктор, подобро е да не праќате лекови. Настраданите пријавуваат безброј лекови што се надвор од употреба, со поминат рок или пак забранети. На некои од нив им пристигнале полни пакети со непотребни средства за смирување. Смиреното излежување наоколу кога немате покрив над главата не е баш од корист.
РЕЦЕПТИ И СОВЕТИ ЗА ДИЕТИ
Времето и просторот се екстремно важни при донирањето за време на катастрофи. Напротив, хуманитарните работници морале да сортираат пакети со 30-години стари книги со рецепти за готвење, списанија за диети, фотографии со автограми од непознати бејзбол играчи и пластични детски ранци кои во најголем дел само зафаќаат простор и ретко се од корист.
ЌЕСИ
Друг Јапонец вели дека еднаш му пристигнал пакет полн со употребени пластични кеси. Тие биле уредно спакувани и чисти, но сепак бескорисни, па поминале одреден период во ќошот пред да бидат фрлени.
КОНСТАНТНА АТМОСФЕРА НА ТАГА И СТРАВ
Погодените од земјотресот и цунамито имаат поплаки и во однос на преголемата и повторувачка покриеност од медиумите. Велат дека целодневното слушање на вести за последиците во голема мера им штети на психичката состојба. Голем дел велат дека нашле или би нашле утеха во гледање на серија или филм од периодот пред катастрофата.
ПРЕМНОГУ ДОБРОВОЛЦИ
Можеби звучи неблагодарно, но многу организации пројавија незадоволство од преголемиот број доброволци. „Тие доаѓаат во голем број, но ги напуштаат центрите за многу кратко време. Веројатно многу повеќе би помогнале ако само ги донираат парите потршени за летот во 2 правци“.
За крај, еден од хуманитарците вели: „Ако не се консултирате со луѓето на кои им помагате, вашата донација веројатно ќе заврши како само уште една кутија што зафаќа простор“. Мора да се сложиме, не е решение да не се помага, но координацијата е клучна.