Сосема нови правила на облекување за полнички жени

За полничките жени до неодамна важеше само едно единствено правило кога станува збор за облека. Се кријат во црно! Но, тоа се промени. Ви нудиме четири модни трикови кои одлично прилегаат на нивните потреби.
Боја

Старо правило: Носете црно!

Ново правило: Црната ќе ве сокрие, но тоа и не е секогаш најдобриот избор. Ако сте во долниот дел од телото послаби, тогаш црвена „молив“ сукња е правиот избор за да добиете посакувано внимание.

Фармерки

Старо правило: Тесните фармерки се за слаби девојки!

Ново правило: Пробајте фармерки со подебел тексас кој има повеќе еластин. Тој ќе ги „испегла“ недостадоците и ќе ве држи. Опуштено во горен дел ќе ве одржи во пропорционалност.

Untitled-13
Аксесоари

Старо правило: Големи аксесоари ќе ве направат уште поголеми.

Ново правило: Нека биде некој модел како на пример цвет, но нека биде невпечатливо поставен. Така нема да го задржи вниманието на едно место.

Пруги

Старо правило: Хоризонтални линии ни во лудило.

Ново правило: Носете тенки линии на темна позадина. Тие нема да ги нагласат проблематичните области, како што би го направиле дебелите линии. Јакна на половината ќе ви помогне да се нагласат вашите облини.

- Реклама -