Даниел Кајмакоски дојде до договорот за издавање на албум.
Тој потпиша договор со агенцијата „Менарт“, која е официјален застапник на Sony Music Entertainment.
Претставниците будно го следеа течението на X-Factor, онака како што го прават тоа Sony Music Entertainment насекаде низ светот. Нашиот Даниел заслужено победи и иако незадоволен од тоа што наградите не му стигнуваа во ветениот рок, сега конечно може да здивне.
Тој доби автомобил Mini Cooper Coupe, парична награда од Master Card во износ од 10.000 евра, договор за снимање на албум, два видео спота и ПР поддршка од продукцијата.
– Горди сме на фактот што „Менарт“, посреден застапник на Sony Music – Syco, ќе има можност да соработува со победникот на првата сезона на регионалното издание на Икс Фактор, Даниел Кајмакоски, кој е фантастичен пејач. Градењето и работата на неговата кариера ќе биде еден од нашите приоритети во периодот кој следува, и тоа во сите држави од регионот каде што беше емитуван Икс Фактор, изјави Бранко Комљеновиќ, директорот на хрватската продуцентска куќа.
И Даниел ги искажа своите импресии кои ги сподели на профил на Facebook: Драги пријатели, пресреќен сум што можам да соопштам дека ми се оствари уште еден сон. Потпишав договор со Менарт, продукциската куќа која ќе го издаде мојот прв албум. Очекувајте ја наскоро и мојата прва песна.