Љубов преку… Инстаграм?

Во денешно време е сосема нормално луѓето да се запознаат преку социјалните мрежи. Сепак, двојката подолу се запонала преку Инстаграм, мобилната апликација за споделување фотографии.

Денис Лафарг од Луизијана и фотографката Елизабет Висдом, стапиле во контакт откако Денис и оставил коментар на фотографија од езерото Кратер во Орегон, која ја објавила таа.

1496760213527655f6c5afd821980183_640x704

Тие двајца потоа започнале да си разменуваат фотографии и коментари во наредните неколку месеци, што ги довело до размена на телефонските броеви.

Во октомври 2012 година Елизабет одлучила да појде до Луизијана за да го запознае Денис кој таму работел како музичар.

После овој настан, тие ги зачестиле посетите, по што во јуни Денис ја запросил Елизабет, момент кој секако го споделиле на Инстаграм.

936437636527655f957c5d057658288_w640

Затоа, следниот пат кога некој непознат ќе ви „понуди пријателство“ или ќе ви остави коментар, сетете се дека двојката погоре, на овој начин ја пронашла сродната душа.

- Реклама -