Нама пар кој нема да каже дека е единствен, но се покажа дека всушност постојат неколку типови на парови кои можеме да ги ставиме во исти „кош“.
Сексуалните терапевти и експертите тврдат дека всушност може да се идентификуваат шест врсти на парови според нивното однесување во текот на сексот.
Нормално, главен предводник се идеите на сексуалната терапевтка Трејси Кокс, која вели дека паровите воглавно можат да се поделат по карактеристиките кои ги поседуваат, во категории, што би можело да им помогне да ја подобрат својата врска.
Стабилен пар
Овој тип на пар се состои од две личности кои сакаат да го задржат својот идентите и да бидат со некој. Во случај да се работи за две отворени личности, неоптеретени, големи се шансите вашата врска да биде долга. Истовременно, тие се во состојба да комуницираат за сексуалните потреби, па не им недостасува страст и двајцата иницираат за секс.
Пар пред раскинување
Овој пар е оној чија љубов постојано изгледа како да е на работ на распаѓање поради заштите на индивудуалните права и идеи, но сексот е многу динамичен поради постојаниот страв од можно прекинување на врската.
Страствен пар
Страствениот пар е многу заљубен, без оглед што обично се работи за луѓе со различни карактерни особини, па за некој од нив љубовта наскоро ќе згасне. Секс има многу и тоа добар. Колку што се партнерите поразлични, сексот е по жесток, но кога врската ќе навлезе во криза, намалувањето на скесот го погодува само партнерот кој го доживува како потврда за љубов.
Испреплетен пар
Испреплетениот пар е многу близок, како двајцата да се врзани со папочна врвка, прават се заедно и со текот на времето попримиле заеднички особини и размислувања. И двајцата е посветени на таа врска, па сексот на почетокот бил одличен, но полека станал бледа копија, па тука треба да се вложи повеќе труд.
Практичен пар
Практичниот пар секогаш прво размислува со глава, а не со срце, па со текот на времето се раѓаат и силни емоции, што е многу подобро отколку во врската да влезе со погрешни очекувања. Проблемите во сексот се јавуваат на почетокот , но подоцна се си доаѓа на своето место.
Опуштен пар
За крај, опуштениот пар сфаќа по неколку средби дека и двајцата се создадени еден за друг и тоа на здрав начин, па се опуштени од самиот почеток, што го прави хармоничен и сексуалниот живот.