Разликите меѓу половите и машко-женските и кој за што е подобар, отсекогаш е предмет на многу расправи. Конечно истражувањата дојдоа до интересни резултати.
Жените се подобри во мултитаскинг
Познато е дека жените можат да работат повеќе работи истовремено, а сега тоа е и научно докажано. Имено, мозокот на понежниот пол е „дизајниран“ така што во исто време може да се сконцентрира на повеќе задачи. Додека мажите гасат телевизор за да се јават на телефон или прекинуваат со разговорот додека подготвуваат вечера, жената е во состојба тоа да го работи истовремено без проблем.
Во експеримент кој го спровеле научници учесниците имале осум минути да бараат ресторант на мапа, а истовремено да се изборат со ѕвонење на телефонот и одговарање на прашања од општа култура. Жените се покажале како подобри.
Кој е попаметен?
Истражувањата на тестовите за интелигенција ги издвојуваат жените како пол со повисок коефициент.
Жените полсено учат нови јазици
Тригодишно девојче има три пати побогат вокабулар од момче на истите години. Жените многу полесно учат нови јазици, па не е ни чудно што почесто гледаме жени преведувачи.
Мажите подобро се справуваат со проблеми
Кога мажот има проблеми, неговиот мозок јасно ги квалификува, а со тоа пронаоѓа и решение за секој од нив. Така е барем кај мажите. Доколку жената е оптеретена со бројни проблеми, нејзниот мозок не може јасно да ги класификува се додека не ги подели со некој и не добие совет.
Како влијае незадоволството?
Истражувањата покажале дека голем број жени незадоволството и домашните проблеми ги притискаат и им влијаат на работата, додека кај мажите е сосема спротивно.
Кој полесно ја поднесува промената?
Жените подобро се прилагодуваат. Тоа може да биде последица на традиционалната поделба меѓу половите – мажите потешко се согласуваат на промени бидејќи не сакаат да признаат доколку нешто им недостасува.
Мажите имаат подобри аналитички вештини
Поголема е веројатсноста дека жените ќе се изгубат во нова средина и град, за разлика од мажите. Посилниот пол полесно се снаоѓа во просторот бидејќи има поголема смисла за оријентација и перцепција. Затоа многумина тврдат дека мажите се подобри шофери.
Кој лаже по вешто?
Тука се кралици жените. Можеби поради фактот што мажите кога лажат ги издава ликот. Имено, жената подобро го приметува и скенира изразот, дури 70 проценти обрнува внимание на говорот на телото, а 20 проценти обрнува внимание на изговорените зборови. Машкиот мозок ја нема оваа способност.
Кој живее подолго?
Меѓу најстарите луѓе на планетата кои имаат повеќе од 100 години, 85 проценти се жени. Во просек жените живеат подолго од мажот.