Бидете онлајн без WiFi, 4G LTE или 3G конекција со помош на апликација Be-Bound

Be-Bound претставува апликација за Android уреди која Ви ветува дека ќе Ве задржи онлајн и тогаш кога ќе останете без интернет конекција.

Be-Bound-220x391Можеби изгледа магично, но всушност основната функција на оваа апликација е навистина реална. Таа користи СМС пораки како слој за префрлување на податоци, дозволувајќи Ви да си ја проверувате вашата електронска пошта, да проверите какво ќе биде времето или да добиете локална информација користејќи специјални апликации.

Be-Bound работи и кога имате и кога немате интернет конекција, но исто така е направена и да ги намалува вашите трошоци сврзани со употреба на интернет податоци додека сте на роаминг, при употреба на ad-hoc податоци надвор од зоната на вашата држава, или кога немате мрежна покриеност.

За да ја вклучите апликација прво треба испратите СМС порака и да добиете Be-Bound кредити, наречени Be-Miles. Во моментот 80 Be-Miles = $7.50.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -