Google = Господ?

google-godВерниците од ’Црквата на Гугл’ веруваат дека пребарувачот Google е најблиску до она што човештвото го нарекува Господ. Ова божество може и научно да се докаже, така што сите натприродни божества се отфрлаат во старт. Верниците во Гугл имаат 9 докази за постоењето на својот бог, а еден од нив е дека тој памети сè и ги кешира сите вебстраници на своите масивни сервери. Всушност, со аплоадирањето на вашите мислења и идеи на интернет вие ќе живеете бесконечно во кешот на Google и по вашата смрт, што на некој начин претставува “Google задгробен живот“. Гуглуја браќа! [thechurchofgoogle.org]

Прочитајте и:  Свештеникот кој дозволи снимање спорен спот во црква, расчинет поради проневера
- Реклама -