Досега веќе сите знаат дека најновата верзија на оперативниот систем Android 4.4 ќе го носи името KitKat кое е заштитен бренд на прехрамбениот гигант Nestle. Ова слатко надградување на софтверот ќе се случи наскоро, а во меѓувреме се појави и првата реклама за Android 4.4 KitKat.
Google и Nestle се одлучија да не откриваат премногу кога се во прашање новите опции кои доаѓаат со Android 4.4 KitKat, ниту пак има официјално сооопштение за намената на оваа надградба и што таа всушност ќе содржи.
Затоа сега се фокусираат на пренесување на идејата за новиот бренд на Android 4.4 KitKat кој ќе донесе повеќе забава за корисниците, што всушност е прикажано и во првата официјална реклама, па погледнете за што се работи.
[youtube]http://youtu.be/ncTRBm-_Nms[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk