64-годишник со мускули за восхит

Никогаш не е доцна. Роберт, дедо од Кентаки, САД, почнал со вежбање на 56-години, кога бил прекумерно дебел и не можел да се движи дури ни со бастун. Сега, дури и младите момци можат да му позавидат на мускулите.

„На 56 години, имав прекумерна тежина, не можев да одам, имав протези и користев бастуни и помагала за одење. Не бев среќен во однос на мојот живот и правецот во кој се движи“, вели тој. Решил да направи промена и се зачленил во вежбална, и покрај скептицизмот на неговите блиски. Тоа му бил дополнителен мотив да продолжи редовно да вежба и да им докаже дека грешат.

Fit-Robert2-550x550

Но неговата страст за вежбање пораснала дури откако налетал на видео на Youtube, со група ентузијасти кои вежбаат кај ќе стигнат, без никакви справи и опрема. „Ја открив калистениката гледајќи BarStarzz на Youtube, решив да се обидам, а веднаш потоа и се заљубив во техниката“. Овој вид на вежби може да се прават насекаде и се неверојатно добри за флексибилноста и силата, објаснува Роберт.

Fit-Robert4-550x550

Некогаш бавниот дедо, сега е во супер форма и има стомачни како од реклама. Дури може да ја изведе и таканаречената поза „The Flag“ (држејќи се за вертикална шипка да го исправи телото паралелно со земјата), која е само фантазија дури и за двојно помладите од него.

Fit-Robert3-550x549

„Се чувствувам подобро отколку кога имав 18. Се се сведува на напорно работење и доследност кон вежбањето. Мој совет до сите млади луѓе е да посветат час или два дневно на калистеника, кардио вежби, кревање тежина, што и да се во можност… Се исплати на долгорочен план, ќе се чувствувате многу подобро“, вели дедото за чии мускули многумина само сонуваат.

- Реклама -